Силекс го бара Талески

Победа јуниор

Десниот бек на второлигашот Победа јуниор, Даниел Талески е пред заминување во прволигашот Силекс. Веќе е во Кратово. Се очекуваат преговори. И играчот за врска Давид Ристески има шанси да продолжи во Србија, додека левиот бек Даниел Котески почна со тестови во Б тимот на германски Хановер. Годи интересот за нашите првотимци, израснати тука. Не бил попуст трудот. Штета што не успеваме да се освежиме – вели Златко Петрески, тренер на Победа јуниор. Петрески со помошниците Благоја Смоквоски и Сребре Стефаноски подготовуваат 20 првотимци. Трчаат околу теренот од Градски стадион. Договараат пријателски натпревари. На 18 февруари е средба со соседниот ривал Пелистер, а два меча се планирани со Новаци. Голема чест е поканата за учество на кавадаречкиот турнир “Вуко Каров”.

Loading