Шведски “очи” за марулчанец

Десетина нашинци од Шведска му подарија “очи” на марулчанецот Раде Петрески – Бабјак. На иницијатива на школскиот другар на Бабјак, Томе Велјаноски кој веќе ги живее пензионерските денови во Шведска, 12 Македонци собрале  550 евра, да  прогледа марулчанецот со операција во Прилеп. Нашите пружиле рака и покажале сочувство на маката на марулчанецот, сипраќаќи му пари да го избават од темнината. Велјаноски одамна ја напуштил Македонија на печалба во студената Шведска. Копнее за Татковината, оти не е во состојба често да комуницира со Македонците. Наоѓа начини да се поврзи со неговите бивши соселани, чии зборови ги цени како злато. Затоа остава “трага” во своето село и кај луѓето со хумани дела. Со многу негови донации аир видоа дел од пациентите во болницата. Од Шведска испраќаше инвалидски колички, бастуни и други реквизити за болните. Со акциите го разубавува селото и го враќа некогашниот “здив”. Помогна да се обнови црквата, да се дотера старото училиште да се уредат гробиштата во Марул, стави плоча на манастирот Писокал, а в лето се токми да крени столб кај училиштето во селото, на кој ќе се вее македонското знаме. Томе е хуман човек. Не му треба двапати да слушни за нечија мака, туку “ни две – ни три” сам се одѕвива со иницијативите да помогне. Така и Бабјак доби видело. Велат дека кој не ја пробал носталгијата, не знае како се доживува. Љубовта кон татковото и дедовото огниште, не изумира кај нашите гастарбајтери, каде и да се.

Loading