Пензионерски прослави на Василица, Божик…

Разгранокот на пензионерите “Гоце Делчев”, за Старата Нова година, имаше другарско попладне со закуска и забава. Седумдесетина пензионери играа, пееја, се дружеа и веселеа, вртејќи мазник со паричка. Најсреќната пензионерка доби пригоден подарок. Околу 120 членови на секцијата на жените – пензионери организира уште едно заедничко дружење за православната нова година. Жените од третата доба, на жива свирка, завијаа оро, како во младоста.  На крајот од минатата година, пензионерските друштва “Пензионер” и “Пенка Котеска” им изведоа концерт на станарите од домот за стари и изнемоштени, подарувајќи им, покрај музика и ведрина, и колачи, кифли, пити, сокови…

Loading