Ќе се одбележуваат илјада години од Прилеп

Друштвото за наука и уметност со низа манифестации годинава ќе одбележи илјада години од формирањето на Прилеп. Се уште не се утврдени конкретните настани, но од ДНУ ветуваат дека одбележувањето ќе биде достојно. Инаку, со програмата во 2012 година планирани се повеќе активности, организирање на научни собири, трибини, реализација на проекти, промоции на книги. Научниците ќе дебатираат за  приоритетите за алтернативни извори на вода, за микрокомулациите, подземните води во градот, за производствената цена на тутунот, ќе промовираат ново списание, тутунски атлас, книги, а ќе одржат и неколку предавања на актуелни теми.

Loading