Белград – новогодишна дестинација на прилепчани

Многумина прилепчани Новата 2012 година ја дочекаа на различни дестинации. Кој во Истанбул, кој во Виена, Будимпешта, Солун, Лутраки, Софија. Некои ги поврзаа празниците и заминаа на далечни дестинации, а пак некои ,,скокнаа, до Белград, и не згрешија. Прославуваа и се забавуваа со Галија, Плави оркестар, Ванг Гог, Сергеј Четковиќ, убавата музика на Скадарлија. Се ладеа на Калемегдан и шетнаа до сплавовите на Дунав. Забавата не помина без песна, македонска песна и вино среде Белград во заедничка дружба со некогашните “браќа”.

Loading