Профи меч Николоски – Шимон

Бокс

Благодарение на боксерскиот клуб “Ас” и асоцијацијата “Пробокс Македонија”, вечерва (19 ч.) е боксерски спектакл во арената “Сонце”. Главен е профи мечот до 66 кг. во четири рунди на Александар Николоски против Унгарецот Имре Шимон. За Николоски е втор профи меч, после поразот летоска во Босна, а ривалот има 10, по пет порази и победи. Планот е победа на нашиот боксер, поддржан од публиката – вели Дарко Чатлески, менаџер. Предвидени се и воведни, атрактивни мечеви на познати имиња: Босанците Санел Папиќ над 91 кг, Горан Делиќ до 91 кг., како и Косовецот Џавид Висока до 91 кг. Посебно интересен е мечот во осум рунди на непобедливиот Папиќ против Хрват. Претходно има и воведни кик бокс борби – најавува Чатлески. Ринговен судија е Ѓорѓи Чатлески.

Loading