Корзо на славје во Неготино

Трета, Победа ј. и жени

Во Трета лига в недела (13 ч.) лидерот Корзо, по домашната победа 2-1 над Илинден, оди во Неготино, кај шестиот Вардар. Панде Трајчески и Горан Тодоровски го подготвија тимот за победа и славје со навивачи за есенска титула. Останати: Борец – Кадино, Партизан – Г. Коњари, Млекар – Бабуна. Младост – Бирлик. Претходно: Црна Река – Младост 3-0, Бирлик – Млекар 2-0, Бабуна – Партизан 0-1, Големо Коњари – Борец 3-0, Кадино – Вардар 2-4 . Табела: Корзо 31, Кожуф 30. Второлигашот Победа јуниор и покрај головите на Карчески и Гиноски, со спорен погодок загуби 3-2 кај Охрид лоте. По протестите следеа тројца исклучени Апостоловски, Карчески и Велјановски. Осмо место со 21 бод не е лошо, но можевме повисоко – смета Златко Петрески, тренерот. Фудбалерките на Победа загубија 1-2 (0-0) од лидерот Наше такси. Гостинките до трите бода дојдоа среќно, со случаен гол на Рочи и автогол на Нешкоска, а попусто пред тоа израмни Стојческа.

Крстески прв во Ц. Гора

Поранешниот капитен и помошник тренер на Победа, Дарко Крстески, есенва успешно од клупата го водеше црногорскиот второлигаш Челик од Никшиќ со 14 победи, две реми и еден пораз. Полусезоната е завршена на прво место, со 10 бода предност пред Јединство Б. Поље. Покрај успехот, најверојатно заминувам. За клуб во соседните држави или земјава одлучувам до Нова година – најавува Крстески.

Loading