Седум гола по меч

Бизнис лига во мал фудбал

Ефикасно прво коло со 35 гола на пет меча од Бизнис лигата во мал фудбал. Највисок триумф на Спорт лајф 7-1 над Сидро, со два гола на Г. Макалоски, по еден на Варошаноски, Темелкоски, Бошкоски, Гаврилоски и Василев. Имаше убав, ферплеј спортски потег по покажан пенал од судиите Смилкоски и Д. Макалоски против Горан паркетар Електроелемент. Да нема тензии, на воодушевување од 500 гледачи, намерно промаши Божиноски, но пак тимот Златна рака Проспект победи 5-4. Останати: Основен суд – Економски факултет 4-2, Лукас Елит – Кабелнет 3-4, Агроинвест – Прилеп 4-1. В сабота (15,30 ч.) во сала “Македонија” 2. коло: Прилеп – Горан паркетар Електроелемент, Кабелнет – Агроинвест, Спорт лајф – Лукас Елит, Економски факултет – Сидро, Златна рака Проспект – Основен суд.

Loading