Заечар согласен за декемвриски меч

Ракомет: Жито Прилеп со зимски обврски

Состанокот во Белград ја “размрда” Регионалната лига, со договор да се одиграат седумте заостанати мечеви, а потоа да стартува пролетниот дел. Тимот на Жито Прилеп има еден одложен, дома со Заечар. Ривалот е согласен за меч кон крајот на декември, останува само датумот. Во зависност од него, ќе се знае кога ракометарките од одмор ќе преминат на тренинзи – информира управата. Жито Прилеп одигра пет меча: ги победи дома Раднички 31-22 и на гости Бисери 31-21, а загуби дома од Металург 14-30, на гости од Будуќност 29-22 и од Јагодина 29-21. Претстои анализа и одговор на прашањето. “ќе има ли засилувања”. Нема брзање. Битна е играта, квалитетот и дисциплината. Треба да се почитува редот. Од тие принципи нема отстапување. Ќе имаме добар тим и напролет – порачуваат од Жито Прилеп. Сите натпревари од основниот дел завршуваат до 31 март 2012. Фајнл форот со четирите најдобри е закажан за 22 и 23 април. На некомплетната есенска табела води Будуќност со осум бода (четири меча), пред Металург шест (три), Јагодина шест (четири), Жито Прилеп четири (пет), Заечар два (еден), Раднички два (шест) и Бисери без бод од пет меча.

Loading