Одби прволигаш

Благојче Дамевски печали во Финска

Поранешниот капитен на Победа, Благојче Дамевски пет месеци е во Финска. Игра во третолигашот Крафт од Нарпес, на позиција стопер, повремено лев бек и за врска. Сезоната е успешна. Тимот е четврти на табелата. Дадов седум гола, петпати ме прогласија за најдобар на меч. Задоволни се илјада навивачи, кои редовно нé бодрат и прават убава атмосфера на малиот стадион – вели Дамевски. Го забележале поголемите клубови. Најупорен бил ВПС Вас. Било договорено, но Крафт не попуштал и го задржал. Управата не дозволи, се готвевме за бараж. Можеби е подобро што останав, се адаптирав. Убаво е, иако аматерски, клубот дава одлични услови. Платите редовни, терените прекрасни, имам куп опрема. За секој играч има спонзор, мене ме плаќа фирма за мебел – задоволен е Дамевски. Претходно играше за Напредок, Победа и Металург.

Loading