УШТЕ ЕДНА ПОРТПАРОЛКА ДОБИ ЌЕРКА

Уште една портпаролка доби ќерка. Лицето за односи со јавноста на ЈКП “Комуналец” Лилјана Силјаноска, од неодамна Пурдеска, донесе на свет бебе. Михаела е името на новороденчето. Годинава е плодна за гласноговорничките. Ова е трета портпаролка која доби рожба, откако речиси пред еден месец “аберџивката” на локалната самоуправа, Кате Китанов роди ќерка. Пред неа, мајка стана и портпаролката на ОК на ВМРО, Ирена Стерјоска, која роди син. Бројни се честитките кои ги добиваат јавните личности за највеселите моменти во животот. Портпаролката Силјаноска – Пурдеска напиша на популарната социјална мрежа Фејсбук, откако на мобилниот ја инсталирала апликацијата: “Михаела е нашата рожба Господова. Крофни има кај тато. Јас сум во болница и Ве сакам и поздравувам, драги мои. Убавина ни се дари и ни ги разгали душите, за да се планира да се слави на Архангел Михаил, а да се роди на Св ,,Јован Златоуст,,. Затоа е душичето наше, планирано со име, а си го донесоа Светците и волјата Господова”. Задоволство е кога среќните мигови може да се споделат со бројни пријатели и познаници, како и во јавноста. Кон честитките се приклучува и “Зенит”.

Loading