Десет години слатко царство “Дизниленд”

Порасна десет години слаткарницата Дизниленд. Возрасната фирма слави јубилеј достоен за почит. Слаткото царство декорирано со балони и црвен тепих, а сопствениците ведри за годишнината. И имаат зошто. Зашто од мала фирма со неизвесна иднина, со макотрпна работа кренаа мала здрава семејна компанија, создавајќи имиџ за квалитет. На децениската стапка, реномираната фирма промовира нови торти, нови овошни вкусови, нови слатки. Сето тоа преплетено со вештите прсти, рамни на уметнички, на Елена и Тони Атанасоски и Весна и Трајче Николоски. Тие искажаа благодарност за довербата до сите долгогодишни деловни соработници и, се разбира, до своите муштерии.

Loading