Достижно 6. место

Победа ј., Трета и жени

Второлигашот Победа јуниор со головите на Даниел Талески и Дино Гиноски ја совлада 2-0 жилавата Беласица. Со оглед на клупските тешкотии, тимот на Златко Петрески има добар скор, 21 бод за осмо место. Можен е скок на шесто, ако в недела се триумфира кај Охрид лоте. Во Трета лига в недела (13 ч.) лидерот Корзо, по гостинската победа 1-2 со два гола на Никовиќ кај Сирково, оди на сигурен триумф дома над велешки Илинден. Останати: Црна Река – Младост, Бирлик – Млекар, Бабуна – Партизан, Големо Коњари – Борец, Кадино – Вардар. Претходно: Илинден – Кадино 8-0, Вардар – Г. Коњари 1-1, Партизан – Бирлик 3-0, Млекар – Ц. Река 5-3, Младост – Превалец 0-1. Табела: Корзо 28, Бабуна, Илинден и Кожуф по 27.

Тим има градоначалникот

Новоформирана градска Бизнис лига во мал фудбал е комплетирана со 10 тима. На првите пријавени Лукас Елит, Спорт лајф, Кабелнет, Сидро, Златна рака Проспект, придодадени се уште толку: Основен суд, Економски факултет, Горан паркетар, Електроелемент, Агроинвест и Општина Прилеп, каде играч е градоначалникот Марјан Ристески. Предвидени се основни кола и плеј – оф, а најдобрите делат паричен фонд. Натпреварите се утре (15, 30 ч.), во салата “Македонија”.

Loading