Слабо на гости

Победа ј., Трета и општински

Второлигашот Победа јуниор загуби за пет минути во Скопје, со 2-0 од Треска, поранешна Македонија Ѓ. П. Следи вадење дома в недела (13 ч.) со последната Беласица. Табела: Води Дрита со 28, а деветта Победа ј. со 18. Во Трета лига в недела (13 ч.) Корзо по поразот дома од Кожуф, оди кај Сирково. Останати: Илинден – Кадино, Вардар – Г. Коњари, Партизан – Бирлик, Млекар – Ц. Река, Младост – Превалец. Претходно: Корзо – Кожуф 0-2. Кадино – Сирково 1-0, Г. Коњари – Илинден 2-2, Ц. Река – Партизан 4-3, Превалец – Млекар 2-1. Табела: Кожуф 27, Корзо 25. Заврши полусезоната за општинските. Во А Лигата есенски првак е Обршани. Во последното коло на гости славеше со 2-4 над Пролетер. Останати: Динамо – Братство 1-2, Чепигово – Гарван 4-1, Тризла – Козара 0-0, Тополчани – Боротино 4-2. Табела: Обршани 23, Братство 22. Во Општинска Б лидери се Слога Лажани и Варош. Слога загуби дома од Прилеп сити со 2-3, а Варош со 5-0 го победи Канатларци. Останати: Пелагонија – Илинден 1-3, Беровци – Клепач 3-1. Табела: Слога и Варош по 24.

Бизнис лига

Формирана е градска бизнис лига во мал фудбал. Во тек е пријавувањето кај иницијаторот Стевче Талески. Досега вклучени се: Лукас Елит, Спорт лајф, Кабелнет, Сидро, Златна рака и Проспект. Интересот е голем кај фирмите, а место има само за 10. Системот е девет основни кола и плеј – оф. Најдобрите делат паричен фонд. Натпреварите стартуваат на 3 декември, во сала “Македонија”.

Loading