Марш и почит

Што знаат друго “Картушовските планинари”, освен да ги “мерат” и, без калдисување, да уживаат во есенските бои на шумите. Педесетмина, на нозе, тргнале од изгорениот планинарски дом Дервен, кон планината Мукос. Им оддале почит со поклон на загинатите партизани на веќе искршениот монумент. Продолжиле кон Попова глава. “Зеле воздух” кај партизанското чешмиче над селото Дреновци. Рутата ги однела во манастирот Свети Антонио Велики. Финиширале во село Дреновци. За “капаче” на маршот, им бил ќефски погледот на веќе забелениот, иако далечен, врв Солунска Глава. Дали го меркале за нов поход?

Loading