Петочен “чамче муабет”

Friday after work party. Така го насловија службениците од јавните фирми и од по некоја приватна петочното после работно дружење пред викендот во кафетеријата Вирус. Час – два промуабетија со кафе и сок на крајот од работната недела и на стартот на викендот. Ги имаше и од локалната администрација и од УЈП и од “регистарот”, но и од јавните претпријатија. Не говореа за работните товари, ниту за претстојните ангажмани, туку низ “чамче муабет” и во релаксирана атмосфера се обидоа да воспостават шема на дружење по западен урнек, каде дел од работниците го означуваат почетокот на викендот. Повеќето службеници, но и по некој слободен професор и наставник од првата смена, најавија дека ќе пробаат да постават традиција на петочна средба на различни локации, да се видат, да разговараат, па можеби и да договорат и заеднички викенд.

Loading