Урбана бришка

Пајажината и прашината не ја избледнеле фотографијата, чувана љубоморно во куферите на таван. Таа навира спомени од младоста. Буди емоции за месТото на првите средби со саканата, на смената на опули и насмевки, на намигнувањата и чепкањата по прамените при прошетката околу триаголникот. Денес тука блешти и “врие” водата во фонтаната на “Водовод и канализација”. Дел од околните дуќанчиња од старата чаршија не се спасија од налетот на урбанизацијата. При отворањето на улицата “Борка Талески” за сообраќај не само на арабаџиски коли, туку и за автомобили, настрада и исчезна дел од архитектурата и занаетите. Никогаш повеќе не никнаа нови, нуту се слушна чеканот на казанџиите. Ниту занаетчиите се преселија во другиот дел од чаршијата. Се збриша “животна” секвенца, покрај споменикот на среде, паркчето и оградата со синџир. Покрај тагата на наследниците на дуќанџиите, останаа неизбршливите траги во меморијата за младоста, мината крај социјалистичкиот паметник. “Цивилизацијата ги однесе во отпад и циглите и керамидите на Хотелот Јадран, каде првин младите, а после само боемите, создаваа мајтапи и курназлаци низ свирките на тајфите на Шиндевци и Фицировци.

Loading