“Шаторо” во Корча

Монодрамата “Јас, Илија Димоски – Шаторо” од Петар Петрески, во режија на Игор Трпчески, актерот Трајче Иваноски в недела ќе ја изведе во Корча, Албанија. Македонците ќе ја проследат претставата, посветена на првиот прилепски градоначалник Илија Димоски, за која музичките ефекти се на Томе Темелковски, видео монтажата на Зоран Пилоски, а плакатот на Бојана Артиновска – Трпческа. Монодрамата беше прикажана на фестивалот на монодрама во Битола, а потоа премиера имаше и во градот за 20 годишнината од независноста. Претставата е независен проект на Театарската работилница – Прилеп, со поддршка на Библиотеката.

Loading