Нов аршин за спомениците

Завод и Музеј

Црквите Свети Димитрија и Света Богородица – Пречиста во Варош повторно ќе се ревалоризираат како споменици на културата за поширок државен третман. Оценката се очекува да ја дадат и од Управата за заштита на културното наследство, велат од Завод и Музеј. Останува уште да се ревалоризира црквата Свети Никола со годинешната програма. Повторното утврдување на вредностите на црквите се чини поради преземање на сериозни државни зафати за реконструкција, конзервација и заштита. Св. Никола чека заради нерешените имотни односи. МПЦ не ја впишала како имот и затоа не може да се ревалоризира. Првата ревалоризација на сите споменици е направена во 1958 година. До 2005 нема ревалоризациски интервенции, а настанале промени кај некои споменици – цркви, градска архитектура, археолошки локалитет, дуќан во старата чаршија… Можеби се загубени карактеристиките, според критериумите за споменик на културата, или ги нема. Затоа е потребно повторно вреднување – вели Гордана Данилоска – Спироска, директор на Музејот. Од 2005 вреднувањето се врши по програма. Досега околу 30 споменици на културата, од движно и недвижно наследство се ревалоризирани. Објектите кои не се валоризирани, не може да конкурираат за конзервација или санација. Со ревалоризацијата, Министерството за култура ќе создаде список за заштитеното културно наследство, по што ќе се дигитализира наследството – вели Спироска. Инаку, Заводот ја уредува постојаната археолошка поставка со вредни археолошки предмети од општ интерес за културното наследство на градот. Поставката ќе се отвори на почетокот на декември.

Loading