Браво за ,, Антица,, во Лајпциг

Со извикување “браво” и со долготраен аплауз биле наградени актерите на прилепскиот театар на фестивалот “Евро сцена” во Лајпциг, по изведбата на претставата “Антица”. По природа ладните Германци биле освоени од силни емоции и со одличната музика. Публиката беше изненадена и долго аплаудираше, оти со години не виделе ваква претстава, полна со емоции, претстава со плач, со љубов, со танц, пеење и игра. По завршувањето посетителите го искажааа својот став за претставата – вели раководителот Стојан Дамчески. Организаторите биле принудени заради големиот интерес за “Антица” да го зголемат бројот на седишта во катедралата каде што се играше. Игравме пред преполна сала. Имаше по 300 седишта за двете изведби – додава Дамчески. Со учеството во Лајпциг и во Љубљана на Екс Понто, театарот ја заокружи меѓународната активност за годинава. Догодина има покани за гостување на меѓународниот фестивал на новиот театар,,Еуроказ,,во Загреб со “Антица” и на МЕСС во Сараево со “Кавкаскиот круг со креда”.

Loading