КУД “Моминок” и “Младост” од Челич, Б и Х, вечерва од 19.30 часот ќе имаат хуманитарен, целовечерен, заеднички концерт во ЦК. Ќе се презентираат македонскиот и босанскиот фолклор. Соработката меѓу друштвата е од септември, откако нашите играорци гостуваа на фестивалот во Челич. Собраните средства од влезниците се за семејството Јорданоски, на кое неодамна му изгоре семејната куќа, а едно од децата член на друштвото.