Жито Прилеп со две повратнички во Србија

Ракомет: Петти настап во Регионалната лига

Две првотимки после отсуство се вратија во женскиот ракометен тим на Жито Прилеп, на завчерашниот дуел од Регионалната лига, во Јагодина, Србија каде е доживеан пораз ( – ). Станува збор е за левиот бек Андреа Кликовац и пивотот Ана Стојановиќ. Не беа на гостувањата во Црна Гора со Бисери Плевља, победен со 31-21 и со Будуќност, кого е претрпен пораз 29-22. Ги залечија настинките и се на располагање кај тренерот Ристо Магдинчев. Црногорките се значаен придонес есенва. Кликовац е секогаш меѓу најдобрите стрелци, а Ана Стојановиќ се бори во конкуренција пивоти со Илиеска и Серафимовска. Останатите засилувања од Црна Гора се младите тинејџерки левото крило Даниела Матановиќ и десното крило и бек Тамара Стојановиќ. Впечаток досега е дека најдобро се снаоѓа петтата Црногорка, десното крило Биљана Павичевиќ. На меѓународна сцена, во КПК се покажа, а тоа се должи на големото искуство од кариерата во Бисери и Будуќност. Мечот кај српскиот суперлигаш Јагодина, не е последен есенва. Преостанува уште заостанатиот дома со Зајачар. Неизвесно е кога, бидејќи се чека датум од ривалките, кои имаа одиграно само еден меч во оваа конкуренција, поради обврски кон домашното првенство и на европската сцена. На табелата води Будуќност со максимум осум бода, пред Металург и Јагодина по шест, Жито Прилеп има четири, Зајачар два, а Раднички и Бисери без бодови во Регионалната лига.

РК Филип трет

РК Филип го растури Кавадарци со 34-16 за нови три бода и трето место во Младинската лига. Тренерот Александар Танески е задоволен. Достижно е првото место напролет во битка со Пелистер Битола и Младост Ресен. Битолчани победија дома, следи реванш во Прилеп.

Loading