Препородува клуб во Германија

Дарко Стојаноски

Средниот бек Дарко Стојаноски (25) е јунак во германскиот ракометен третолигаш Албштад. Уште во првото коло, дома против Хиршау забележана е висока победа од 31-20 (12-9), а централна фигура е токму Стојаноски. Постигна убедливо најмногу 11 гола, а останатите соиграчи до пет и помалку. Прилепчанецот е привлечен за медиумите. Го претставуваат како најголемото засилување. Пишуваат дека се исплатело што клубот чекал подолго на комплетирање на документите за трансфер. Процедурата била комплицирана, бидејќи Македонија не е членка на ЕУ. Со премиерниот настап и триумфот, екипата е како преродена, со амбиции за Втора Бундес лига. Стојаноски е поранешен младински репрезентативец. Се одликува со фанатична борбеност, брзина во организација на нападите и реализација на контри. Настапуваше за ТК Бренд, ВИП 2007 и Златен даб, а кусо време помина и во битолски Пелистер.

Loading