Петти триумф

Победа јуниор

Победа јуниор со головите на Виктор Велјановски и Александар Зојчески стаса до 2-0 и три бода дома против жилавата Руфеја од Тетово. Ова е петти второлигашки триумф за младиот тим на Златко Петрески. На табелата е осми со 18 бода, седум помалку од Дрита, пет од Скопје, четири зад Треска и Пелистер. Тешко, но екипите се рамноправни. Откако Велјановски поведе од слободен удар, натаму тргна полесно. Упорноста се исплати – вели Петрески. Следи пауза за санирање на четворица повредени. Наредна борба за бодови е со поранешна Македонија ѓ. Петров, сега Треска. Мечот е на 20 ноември во Скопје.

Loading