КАТЕ РОДИ ЌЕРКА

Јана е името на ќерката на портпаролката од Локалната самоуправа Кате Китанов. Бебето се роди на 1 ноември, а симпатичната трудница, која јавноста имаше можност да ја забележи без вишок килограми, со фармерки и на штикли, со трудничкото меше, на свет донесе здраво новороденче, тешко 3900 гр. и должина 50 цм. Таткото Кире, кој е финансиски директор во ЈП “Водовод и канализација” уште следното утро по радосниот настан, ги почести новинарите со вкусни крофни, производство на “Жито прилеп”. Очигледно бабите немале време од кеф за внуката да направат домашни крофни или не можеле да навасаат или многу крофни им се собирало затоа што се бројни колегите на Кате во Локалната самоуправа, а и не помалку се и во Водовод… Кате сега ќе се снаоѓа во новата улога на мајка, да рипнува и скокнува на секое мрдање на бебето, сперливо, како што беше и во работата како портпарол. А кога ќе минат шест недели, според обичаите и верувањата, Зенит екслузивно ќе ги објави сликите од Јана. Неодамна со рожба во рацете се израдува и советничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Ирена Стерјовска, која беше портпарол на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Таа на свет го донесе Марко.

Loading