Касниоски го “касна” Кожуф

Трета и општински лиги

Гевгелиски Кожуф доживеа прв пораз на теренот во Големо Коњари. Пресуди младиот Николче Касниоски во 85. минута, а зицери одбрани голманот Далибор Раевиќ. В недела Г. Коњари оди во Сирково. Останати трета лига: Кожуф – Кадино, Партизан – Превалец, Млекар – Младост, Корзо слободно. Претходно: Кадино – Корзо 1-1 (0-3 сл.), Младост – Партизан 0-1. Табела: Корзо 25, Бабуна и Илинден по 22. В недела (10 ч.) во А Лигата водечкото Братство ја чека Кадица. Останати: Обршани – Тополчани, Боротино – Тризла, Козара- Чепигово, Гарван – Динамо. Претходно: Гарван – Братство 0-2, Динамо – Козара 6-0, Чепигово – Боротино 3-0, Тризла – Обршани 0-1, Пролетер – Кадица 1-4. Табела: Братство 18, Обршани 17. Во Општинска Б (13 ч.) лидерот Слога ја чека Пелагонија. Останати: Прилеп сити – Канатларци, Кпепач – Варош, Илинден – Беровци. Претходно: Беровци – Слога 1-0, Пелагонија – Прилеп сити 3-1, Варош – Илинден 3-2, Канатларци – Клепач 5-0. Табела: Слога 21, Варош 18.

Loading