Ванде в пензија – внук му на сцена

Димко Вандески – Ванде замина во пензија, ама внук му Кирил Трпкоски стапна на сцена. Иако Ванде е во административна пензија, тој уште живее со театарот. Кој знае еден ден можеби заедно ќе заиграат со Кире кој “театарското крштевање” го имаше во претставата “Калигула”. На Ванде познат по многу ролји, но најмногу по улогата на “Мачорот” во претставата “Мачорот во чизми”, театарот повеќе од 40 години му е дом. И ден денес работи со љубов и со елан. Можеби и десетгодишниот внук Кире од петто одделение во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” ќе се “зарази” со театарската краста. Возбуден по премиерата на “Калигула” и рече дека му било убаво, иако имал трема.

Loading