“Падна” и Поречието

Шеесетина планинари на П.Д. Картуш го зедоа поднозе и Поречието во потрагата по нова убавина на Татковината. Кинисаа од кај пропаднатата фабрика за муниција Сувенир кај селото Самоков, кон селото Зркле. По едночасовен марш го прегазиле и селото Лупште, продолжувајќи кон селата Сушица, Томино село, Инче и Могилец. Низ костеновата шума, маршрутата им завршила кај манастирот “Христово Воскресение”. Со испешачени 20 километри, наполнети во душата со чист планински воздух и со акумулирани есенски бои во очите, уморно се навалиле на седиштата од автобусот на пат кон Прилеп. Понеле едно доживување повеќе во животот и импресии за раскажување.

Loading