,,Антица,, на “Евро сцена” во Лајпциг

Со “Антица” од Ристо Крле, во режија на Бранко Брезовец, театарот вечерва и утревечер, настапува на фестивалот за современ европски театар, ,,Евро сцена,, во Лајпциг, Германија. Публиката, меѓу која ќе е и македонскиот амбасадор, ќе проследи претстава со многу игра, пеење и танцување. Конкуренти í се 12 претстави од исто толку земји, меѓу кои Русија, Германија. Во “Антица”, со музика на Марјан Неќак, кореографија на Кире Миладиноски, игра целокупниот ансамбл на театарот. Гостувањето на театарот во Германија го овозможи Министерството за култура. Значајно е учеството на “Евро сцена”, зашто е реномиран фестивал. Горди сме што сме единствен претставник од Македонија, а во друштво со најдобрите театри од Европа – велат од театарот. Годинешното, 21 издание на фестивалот, се одржува под мотото “Звук на нарушување”.

Loading