Хуманитарци се банкарите на Стопанска

За Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, прилепската филијала на Стопанската банка од Скопје ја демонстрираа вградената општествена одговорност. Сите вработени организираа хуманитарна акција, посветена на лицата кои имаат потреба од повеќе грижа и поддршка во животот. Штедливоста не се изразува само во штедење пари, струја, вода, туку вклучува и можност дел од средствата да бидат употребени за повеќе загрозени граѓани или цели семејства. Банката им понуди на депонентите примамливи каматни стапки за штедење, со новиот деветмесечен депозит со промотивни годишни каматни стапки од 3.6% за евра и 6.6% за денари, популарниот 12/13 депозит, каде за орочен депозит на 12 месеци, банката пресметува бонус камата за еден месец (камата за 13 месеци). Предноста е гарантираноста на висината на каматната стапка за договорениот период на орочување. Тука е и “мој план” со можност за орочување од една до пет години и целосна флексибилност во уплатите во рокот на орочување, што овозможува атрактивни камати на влогови во текот на целиот временски период на кумулирање на заштедите, како и детското штедење Пчелка. Сите кои сакаат да го решат станбеното прашање, Банката им нуди станбен кредит со 50 отсто намалување на административните трошоци, трошоците за проценка и нотарските трошоци.

Loading