Сами се победуваме

Фудбал: Марјан Секуловски, тренер на 11 Октомври

Не запира серијата лоши резултати, прволигашки порази на 11 Октомври. Последниот беше во Штип, каде Брегалница победи со 2-0. Огромно разочарување. Смачено е од поплаки кон судиите. Измислија офсајд на Рутевски при 100 настотна шанса. Сами сме виновни. Јанкоски не реализира двапати сам пред голман. Стаса казната, примивме ефтини голови. Жално е кога сами се победуваме – вели Марјан Секуловски, тренер на 11 Октомври. Среќата го врти грбот на младиот состав. Во првата постава се тинејџерите Спиркоски, Петрески, Крстески, Тошески и Јанкоски, а од клупата се приклучи Дунимаглоски. Недостасуваше “пожолтениот” Гешоски, повредените Ацески и Данилов. Ацески паузира до пролет, а Данилов го очекуваме скоро. Празнината во стоперската линија ја пополнуваме со Димитриоски или Обрадовиќ. Тој е кадарот на располагање. Ќе издржиме до крајот на есента – порачува Секуловски. В сабота е тежок меч во Ѓорче Петров, на лидерот Вардар. Домаќинот гази се по ред. За Купот не победи со 2-0 и утре е голем фаворит. Но, фудбалот нуди изненадувања. Понекогаш киксираат Реал и Барселона. Наше е да даваме максимум. Борбата е додека има шанси за опстанок – заврши Марјан Секуловски. На табелата Вардар е прв со 27 бода, на дното по девет се Брегалница и Турново, а четири има 11 Октомври.

Четворица репрезентативци

Екипата на 11 Октомври има лоша прволигашка есен, но поединци се истакнуваат. Во младата селекција до 19 години се повикани Горан Здравески, Ицко Јанкоски и Влатко Тошески. Во помладата до 17 години е Јорданчо Наумоски. Тој одигра цел меч против Турција за реми 1-1 и до исклучувањето во 65 м. со Шкотска 0-1.

Loading