Како ги чекаме, така не чекаат

Победа јуниор

Победа јуниор ги освои трите бода на домашен терен со жилавата екипа на Кораб од Дебар, со 2-0, со головите на Колчакоски во 44 и Зојчески во 66. минута. Тежок меч на теренот, нервоза на трибината. Гостите се лутеа, а домашната управа се трудеше сé да биде в ред. На ум секогаш е реваншот напролет. Како ги чекаме, така не чекаат. Што имаш со гостите? Лесно ти е за пцуење дома. Не одиш во Дебар напролет, јас ќе одам со децава – критикуваше управата еден навивач. В недела е гостувањето кај 12-та Локомотива во Скопје, која има 10 бода. Победа јуниор е деветта со 15. Води Скопје со 20 бода.

Loading