Бисери се шанса за победа

Ракомет: Жито Прилеп игра в среда и в четврток

Според изменетиот распоред на Регионалната ракометна лига за жени, следните мечеви на Жито Прилеп се наредната недела против Црногорки. Договорени се два за два дена. Првиот в среда, 2 ноември со Бисери Плевља, вториот в четврток со Будуќност. Се играат во иста сала, во Подгорица. Два ривала многу различни по квалитет. Нашата шанса за победа е Бисери. Ги загубиле сите три меча досега. Млада екипа се и ќе ги надиграме. Сите сили ги вложуваме, знаејќи дека на наредниот не чека гигантот Будуќност – вели Ристо Магдинчев, тренер на Жито Прилеп. Тринеделната пауза се искористи за подготовки со А Репрезентацијата и за два меѓусебни тренинг меча. Во националниот тим беа голманката Дијана Наумоска, бековите Марија Штериева и Ивана Петковска. Вратени се разочарани по дебаклот 36-28 во Турција. Многу не играа, но беа отсутни. Некако ги враќаме во нормален тек. Работевме фитнес, тактика и техника. По малите настинки верувам дека сите ќе бидат здрави. Има изгледи на голот да биде и залечената Јаломитеану – најавува Магдинчев. Интересно е што за Бисери Плевља имаат настапувано петте Црногорки, кои летоска дојдоа како засилувања: Биљана Павичевиќ, Андреа Кликовац, Тамара и Ана Стојановиќ, Даниела Матановиќ. Жито Прилеп досега одигра два првенствени меча, дома со Металург (14-30) и Раднички Белград, (31-22). До крајот на есента се чекаат датуми за одложените, дома со Заечар и на гости кај Јагодина.

Loading