Ревија на кучиња на Могилата

Празник за очите предизвика кинолошкото друштво Прилеп со изложбата на околу 230 кучиња, кои сопствениците од земјава и странство ги доведоа на Паркот на револуцијата, на традиционалната манифестација за оценка за квалитетите на домашните миленици. На прекрасните терени, во повеќе категории, се покажааа македонскиот шарпланинец, волчјаци, пинчеви, лабрадори, ротвајлери, доги, добермани… Граѓаните масовно ја проследија манифестацијата, уживаа во глетката, дури и беа изненадени од големиот број вљубеници во кучињата и третманот на милениците.

Loading