Картушовци во Смилево

Педесетина планинари на “Картуш” го одбележаа празникот 23 Октомври со марш до Смилево. Облачното време не ги спречи да уживаат во пазувите на планините и низ кориите со дабови и букови дрвја, и да ја одржат традиционаланата мисија да го одбележат празникот со посета на некое историско место. Овојпат тоа беше селото Смилево, каде се одржал Смилевскиот конкгрес. До музејот стасаа од селото Ѓавато, преку Гопеш со пешачење на патеката без многу нагорнини, долга 18 километри.

Loading