Пази, беснило кај лисиците

Ловечкото друштво Мукос ќе лови лисици од 20 ноември, поради беснило. Секретарот на друштвото Јане Стевананџија е загрижен од незнаењата за последиците од болеста. Да не се допираат ранети, удавени, згазени или мртви диви животни, бидејќи болеста е подмолна. Првите знаци можат да се јават дури после еден месец – вели Стевананџија. Информира дека се заловени три заболени лисици. Препорачува да не се допираат животните, па и домашните кои се сомнителни. Ловците да ги допираат само со хируршки ракавици, а лисицата да ја донесат во друштвото за земање мостри во најлонска кеса. За превенција на развојот на болеста, Агенцијата за храна и ветеринарство во две фази изврши орална имунизација на лисиците, фрлајќи авионски мамки, на која пишува “Не допирај со раце. Ефикасноста од имунизацијата се мери со мостри од заловените лисици. Беснилото е болест за која нема лек, а заболените имаат психо – физички болки цел живот.

Loading