Изложба на 22 скулптури

Вечерва во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”

“Скулптури на новото време” е изложбата со 22 скулптури на автори од земјата, која вечерва од 19.30 часот ќе биде отворена во галеријата на Центарот за култура. Ќе се претстават и четворица прилепски скулптори Емил Солески, Марија Стојаноска, Габриела Ацеска и Марјан Стојаноски. Јавноста ќе ги види творештвата и на еминентните скулптори од различни генерации – Ангел Димовски – Чауш, Ангел Коруновски, Беди Ибрахим, Никола Смилков, Сашо Саздовски… Скулптурите ја бележат перспективата на авторите, која може да еволуира во насока на интегрирање во современите регионални скулпторски изразувања. Скулптурата поставена во простор, говори на разбирлив јазик – вели Роберт Цветковски, историчар по уметност. Изложбата е плод на соработката на ЦК од Прилеп и Куманово.

Loading