,,Уметноста на поранешна Југославија,,

Изложба во салонот на ЦК “Марко Цепенков”

“Уметноста на тлото на поранешна Југославија” е насловот на изложбата на 30 слики, која ќе се отвори вечерва од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Сликите се дел од фондот на меѓународната струмичка ликовна колонија, работени меѓу 1961 и 2009 година. Се претставувааг уметниците од ју просторите, Оља Иваницки, Јоже Тисникар, Богољуб Ивковиќ, Хрвоје Шерцер, Глигор Чемерски, Тодор Стефановиќ, Халил Тиквеша, Драган Лубарда, Столе Стојковиќ, Стојан Пачов, Татар Војо, Здравко Папич, Петар Мазев, Ева Хеимер, Милорад Ѓокиќ и други. Изложбата е плод на соработка меѓу Центрите за култура во Прилеп и Струмица.

Loading