Концерт на Октетот ,,Прилеп,,

“Катарина”, “Свири свири виолино”, “Багремот спомени ми буди”, се дел од композициите кои ќе ги исполнат членовите на Октетот “Прилеп”, на концертот што ќе се одржи на 26 октомври, во среда, со почетокот од 19 часот. Октетот “Прилеп” ја одржува традицијата за староградска песна 16 години. Членовите пеат со душа и од срце, иако поголемиот дел се повозрасни. Раскажуваат дека кога се формирале немало состав кој ќе пее староградски песни. Имаат издадено три албуми со 40 композиции. Повеќе години Октетот е под покровителство на Центарот за култура.

Loading