Фестивал на новиот германски филм

Од 27 до 29 октомври во Сцена 105

Фестивал со пет нови германски филма ќе се одржи од 27 до 29 октомври во ЦК “Марко Цепенков”. В четврток од 18 часот е трагикомедијата “Винсент сака море” во режија на Ралф Хитнер. Филмот е добитник на германската филмска награда за 2011 година. Идниот петок филмаџиите ќе ги проследат “Алманија – добредојдовте во Германија” во режија на Јасемин Самдерели и атрактивната драма – биографија, “Гете”, во режија на Филип Штелцл, а в сабота се детскиот цртан филм “Авантурите на Песочко во Соновија”, во режија на Јеспер Молер и Синем Сакаоглу и научно фантастичната драма “Деновите што идат” во режија на Ларс Крауме. Центарот за култура го реализира фестивалот во соработка со Германската амбасада.

Loading