Дарко Талески на онлајн изложба во лондонска галерија

Уметникот Дарко Талески се претставува на онлајн изложбата во познатата галерија SAATCHI во Лондон. Изложува 20 графики и цртежи, на кои посетителите ќе можат да гласаат. Секој уметник може да се регистрира на онлајн галеријата, која неколкупати годишно организира конкурси на кои гласаат посетителите. Првонаградените ќе изложуваат дела во познатата SAATCHI галерија – објаснува Талески. Доколку некое од делата биде рангирано во првите 300, ќе биде оценувано од стручно жири на светски критичари на уметноста. Талески радосен што делата, создавани со љубов, се претставени на престижна онлајн изложба. Ме воодушевува едноставноста на боите и формите. Се обидувам да ја прикажам на секоја слика – додава Талески, кој завршил ФЛУ во Велико Трново, Бугарија, каде и магистрирал. На предпоследниот конкурс Талески беше меѓу 30 уметници од 800 од целиот свет. Тоа говори за квалитетот на уметникот. Учествувал на повеќе групни изложби.

Loading