Емоциите ги делам со публиката

Никола Ацески, актер

“Актерството отсекогаш ме интересираше, но долго време не одлучував да биде дел од мојот живот. Терав друго што нема врска со актерството. Случајно, благодарение на пријателката Каролин Монтико, која ја запознав на едно патување, одлучив да се вратам во Македонија, да се запишам и да ја завршам академијата Есра. Тоа беше најдобрата животна одлука”. Вака вели актерот Никола Ацески, кој живее и работи во Скопје. Се пронашол во професијата, во која ги живее ликовите кои ги игра. За секој актер тоа е начин на исфрлање на насобраните емоции. Се делат чувствата и се разменува енергијата со публиката. Тогаш знаеш дека си завршил добра работа – вели тој. Играл различни ликови – комични, мрачни, позитивни, негативни. По дипломирањето, професионално играв на три претстави на Драмскиот театар од Скопје. Играв во “Ангели од Америка”, “Хамлет” и “Баал”. Не знам која ролја ми беше подрага, затоа што секој лик е предизвик. Ја сакам, ја обожувам сцената, доволно долго, да можам да портретирам повеќе ликови. Учествував во снимањето на филмот “Балканот не е мртов” на Александар Поповски. После дојде претставата “Психоза во 4.48”, во режија на Ѓорѓи Јолевски. Проектот чекаше старт една година. Задоволни сме што конечно ќе ја дочека реализацијата – објаснува Ацески, кому му претстојат актерски креации и откривања на “сцената што живот значи”.

Loading