“Дрен” во Кавадарци

Дваесетина слики од годинешната колонија “Дрен”, сопственост на ЦК Марко Цепенков, се изложени во Домот на културата во Кавадарци. Привлече внимание творештвото на 13 уметници, Маја Стефановска, Сергеј Дамовски, Христина Зафировска, Александра Дунимаглоска, Тони Чатлески, Мирослав Стојановиќ, Емилија Ѓорѓијоска, Владимир Кнежевиќ – Путец, Силвана Атанасоска, Венера Константинова и Гергана Минкова – Аначкова од Бугарија и Јасмина Селиг и Наталија Мијатов од Србија, кои во јули учествуваа на колонијата.

Loading