Чешма кај Дервен

Вредните планинари од ПД Козјак целосно ја обновија водоводната мрежа и, како “шлаг”, изѕидаа камена чешма крај изгорениот планинарски дом Дервен. Добро е што нешто тргнува во околината на некогаш популарната и за некои граѓани носталгична голема куќа за одмор и за прекрасна панорама на Пелагонија на превојот Дервен. Ако се знае дека тече процедурата за добивање на документација за реконструкција на Домот, тогаш чешмата ќе биде добредојдена и за работите што претстојат и за мајсторите кои ќе работат. Дотогаш, од водите ќе можат да се разладуваат планинарите и сите други љубители на природата.

Loading