Димоски и Тодороски на Макфест

Денис Димоски и Христијан Тодороски – Кико, се двајцата прилепски пејачи кои настапуваат на фестивалот на забавни мелодии “Макфест” во Штип. Идолот Тодороски синоќа ја изведе композицијата “Не ме боли”. Денис Димоски пее вечерва “Дали ме сакаш”. Тоа е песна на негов текст, а композитор е Рубин Димкоски и аранжер Кристијан Габроски. Двајцата се на вечерта за дебитанти.

Loading