Чевли, кикиритки, печатени материјали излегуваат од некогашната фабрика за преработка на сурови крзна, позната под името Зибијата покрај долниот дел од Градската река. Во објектот се штавувале крзната на говедата, овците, козите, јагнињата, па и од свињите. Одамна е напуштена дејноста за која бил граден објектот. Загубена е функцијата. Последните социјалистички остатоци сметаа дека просторот е соодветен за фабрика за чевли. И таа бранша ја изеде транзицијата. И новите газди сметаа дека има профит во чевлите. Во дел од просторот се инсталирани други машини и опрема за преработка на апетисани. Добро е што објектот ја зачува носечката архитектура и со корекциите на фасадата и внатрешноста, за да сведочи на времињата што изминале.