Стојаноски како коза низ карпите

Бесплатна објава

Трка “По патеката на Крале Марко”

Вторпат, по сончево време се одржа трката “По патеката на Крале Марко” со 32 тркачи од повеќе македонски градови и од Белград, во организација на ТА “Брацо” и ПД “Макпетрол”. Небаре коза трчаше низ карпите Александар Стојаноски (20) од Скопје. Патеката долга 16 километри ја мина за 1 час и 23 минути од Трескавец, преку Заград, Варош, Плоча, повторно до манастирот. Му биле тешки последните километри, но бил среќен што постигнал одличен резултат. ТА “Брацо” тежнее да го развива туризмот и преку трката да го промовира Прилеп.

Кутнат и Кожуф

Педесетина планинари на “Картуш” го освоија и Кожуф . Од селото Ваташа, Мрежичко, Конопиште, испешачија низ буките дваесетина километри. Полни со нови сили и пријатани глетки, се вратија дома полесно да туркаат нови работни резултати.

Loading