Отпорни на чаршиски муабети

Победа јуниор

Второлигашот Победа јуниор дома со голот на Даниел Карчески одигра 1-1 со Дрита, не искористувајќи пенал преку Виктор Велјановски во 89. минута. Раширени се сомневања дека гостите се обиделе да поткупат домашен првотимец. Во клубот се дискутирало отворено за продолжување на другарската атмосфера. Планирани се две контроли, в недела дома со скопска Локомотива и в среда на гости кај Питу Гули во Крушево, до 16 октомври и првенственото гостување на Влазерими во Кичево.

Loading