Домашните не допатувале

Трета и општински лиги

В недела (10 ч.) продолжува Општинска А лига, а челното Братство оди кај Боротино. Останати: Козара – Обршани, Гарван – Ц. Ѕвезда, Динамо – Кадица, Чепигово – Пролетер, Тризла – Тополчани. Претходно: Пролетер – Динамо 2-1, Братство – Тризла 1-0, Тополчани – Чепигово 6-2, Кадица – Гарван 0-2, Ц. Ѕвезда – Козара 0-3 сл. (домашните не допатувале!), Обршани – Боротино 3-0 прекин. Табела: Братство и Обршани по 10. Општинска Б, недела (15 ч.): Варош – Прилеп сити, Беровци – Канатларци, Пелагонија – Клепач, Слога – Илинден. Претходно Прилеп сити – Слога 2-1, Илинден – Пелагонија 3-0 сл., Клепач – Беровци 2-5, Канатларци – Варош 2-1. Табела: Прилеп сити 10, Слога девет. Во Третата лига ништо ново, Корзо гази се пред себе. Последен настрада велешки Превалец со 2-1. В недела е гостување кај Црна Река во Возарци. Останати: Партизан – Вардар, Млекар – Илинден, Младост – Сирково, Бирлик – Кадино, Бабуна – Г. Коњари. Претходно: Г. Коњари – Бирлик 3-2, Кадино – Црна Река 3-3, Кожуф – Младост 5-0, Сирково – Млекар 3-3, Илинден – Партизан 4-0. Табела: Корзо 15, Кожуф 13 бода.

Loading