Медал за Димески

Моделарство

Јуниорот Бојан Димески освои сребро на 11. светски куп во воздухопловно моделарство, на аеродромот кај Мало Коњари. На пиедесталот се искачи во дисциплина Ф-1-А едрилици, зад Србин. Меѓу 30 учесници од пет земји, Македонците освоија уште четири медали. Зад Димески е Небојша Стошиќ од Кавадарци. Во Ф-1-Б гуменици, на трето место е Аљоша Анастасов од Скопје, зад двајца Хрвати. Во Ф-1-Ц клипеници победи Коста Стојановски од Скопје, пред сограѓанинот Александар Трајковски. Директорот Здравко Тодороски додели признанија на новинарите Драги Башески, Миле Талески и камерманот Раде Дамјаноски.

Loading